+38923 239 805 \ +38923 232 431 info@kentaur.com.mk

Производство

Производството како активност има поголем број на инвестиции во нови и современи машини.

Лим во форма на керамида

Лимот во форма на ќерамида е високо квалитетен производ изработен од пластифициран лим. Лимените табли се со стандардна широчина, а должината е според потребите на купувачот.

Нашата производна линија е компјутеризирана и е со голем капацитет, затоа рокот од нарачка до испорака е многу краток. Во тек на самото производство на ќерамидата, на внатрешната страна на таблата се налепува антикондензатно платно со што се добива производ со одлична термичка, звучна и бактериска изолација.

Олуци со држачи

Се произведуваат од поцинкуван или од пластифициран лим во соодветна боја со покривот. Олуците се вертикални Φ100 и полукружни хоризонтални со соодветни држачи.

Лим во форма на трапез

Се изработува во форма на табли и тоа од пластифициран и поцинкуван лим со стандардна ширина и должина по барање на купувачот.

Се произведува големо TR35/198  и мало TR 22/170 ребро и во зависност од тоа се употребува за фасада или за покрив. Од внатрешната страна на таблата се налепува антикондензатно платно со што се добива одлична топлотна, звучна и бактериска изолација.

Профили Хантер-Даглас

Се произведуваат од алуминиумски пластифициран лим  со поцинкувани држачи и се користат како облога-ХАНТЕР ДАГЛАС на купатилски тавани.

Профили за климатизација

Се произведуваат од поцинкуван лим  во две димензии како ПРОФИЛ 20 и ПРОФИЛ 30 со соодветни аголници и се користат при поставување на системи за климатизација.

Опшивки

Изработка на комплетна лимарска галантерија (опшивки, снегобрани, ветерлајсни, слемиња и др.) од пластифициран лим во соодветна боја со покривот.

Локација

Седиште – Кентаур – Импекс Ул. 516 бб – Скопје

Фабрика 1 – Кентаур – Искра челични конструкции Ул. Железничка бб, 1300 Куманово

Фабрика 2 – Ул. Железничка бб, 1300 Куманово

Следете Нѐ

Shares
Share This